Социјална медицина

Социјалната медицина како наука ја анализира здравствената состојба на населението и ризиците кои негативно делуваат на здравјето, системот и организацијата на здравствената заштита, како и можностите за примена на современите текови на науката во системот на здравствена заштита.

Одделението за социјална медицина, при ЦЈЗ Кочани, како основни ги има задачите и активностите кои се во рамките на Програмата за превентивна здравствена заштита на Р.Македонија.

Контролира, обработува, анализира и следи, демографските, витално-статистичките и здравствените показатели кои се релевантни за оцена на структурата, природното движење, здравствената состојба, примарната и секундарната здравствена заштита на населението као и организацијата на здравствената заштита во општините на подрачјето на ЦЈЗ Кочани.

Ги обработува здравствено-статистички податоци од извештајните обраcци, предвидени со Законот за здравствена заштита на населението на Република Македонија, во кои се води евиденција од областа на здравството во примарната, специјалистичко-кнсултативната и во секундарна здравствена заштита. Истите до сужбата се доставуваат од опшествените и приватните здравствените организации.

Статистичките показатели за примарната и секундарната здравствена заштита континуирано се прибираат и анализираат, а се однесуваат на кадровска обезбеденост и мрежата на здравствените организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хроничните незаразни заболувања (малигни заболувања, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависност и др).

Податоците кои се однесуваат на здравствената состојба и здравствената заштита на населението во општините на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, компјутерски се внесуват и обработуваат преку соодветни софтвери и се изготвуваат тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови предвидени во работните задачи на социјално медицинската дејност во согласност со Програмата за превентивна ЗЗ во Р. Македонија.

Преку добиените податоци и дополнителни здравствени-истражувачки активности се врши мерење и проучување на здравјето на одделни категории на население како и валуацијата на ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравсвени организации.

По барање на општините на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, во соработка со санитарно-хигиенската епидемиолошката служба во ЦЈЗ Кочани, како и соодветните инспекциски служби, на Советот на општините им поднесува извештаи кои се од интерес за соодветната општина и изготвува предлог програми за заштита на здравјето на населението со локално значење а со цел правилно креирање на здравствената политика и одредување на здравствените ризици, нивно одстранување или спречување на подрачјето на ЦЈЗ Кочани.

Врши планирање, координирање и спроведување на активностите од областа на здравственото воспитување кои имаат за цел подигање на свеста за значењето на здравјето како и значењето на превенција и рано откривање на заболувањата, а пред се на оние со социјално-медицинско значење. Тоа значи како да се превенираат нездравите и ризичните начини на однесување и живеење.

Здравјето е најважен атрибут на живеењето, услов за обавување на секојдневните активности и за општа среќа

Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за одбележување на Светскиот ден на здравјето,Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.

Во здравствено воспитните активности се вклучени здравствени работници , психолози, социјални работници, стручни лица за заштита при работа. Активностите се одржуваат целата година во вид на предавања трибини, изготвување на здравствено воспитен материјал, радио и ТВ емисии.