Тестирање на ХИВ/СИДА

СИДА СОВЕТУВАЛИШТЕ И ТЕСТИРАЊЕ    (ТЕЛЕФОН: 033 270 688)

ДОВЕРЛИВО СОВЕТУВАЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ ЗА ХИВ/СИДА

    • Во службата за епидемиологија при Центар за јавно здравје-Кочани работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши:
  • Доброволно и доверливо советување и тестирање на сите лица кои сакаат да ја проверат својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.
  • Интересот на лицата за доброволно и доверливо тестирање од година во година е се поголем. Причината за тестирањето е најчесто незаштитен сексуален контакт, промискуитет, интравенско користење на дроги и др.

Советувањата се доверливи, анонимни и бесплатни.

Лицата кои сакаат анонимно да бидат тестирани можат да добијат информации на телефон 033 270 688 или во Центар за јавно здравје Кочани.