ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!
Секоја година со вирусот на грип се заразува до 20% од светската популација. Некои луѓе се опоравуваат за неколку дена, но некои може да развијат компликации, а некои од компликациите може да доведат до потреба за болничко лекување, во некои случаи и до смрт.
Под поголем ризик за компликации се возрасните лица над 65 години, лица со хронични болести, деца на возраст од 6 месеци до 5 години и бремени жени. Здравствените работници имаат десет пати поголем ризик од заболување на грип и поради тоа се вклучени во ризичните групи за вакцинација против грип.
Зошто треба да се вакцинираме секоја година?
– Имунолошката заштита на лицето создадено од вакцината опаѓа со текот на времето
– Вирусите на грип постојано се менуваат затоа составот на вакцините против грип се ревидира годишно, а вакцините се ажурираат за да создадат заштита од вирусите за кои истражувањата покажуваат дека ќе бидат најчести во текот на претстојната сезона на грип.
– Вакцината ја намалува можноста за стекнување на грип, ја ублажува клиничката слика и спречува компликации.
ВАКЦИНАЦИЈА Е НАЈЕФЕКТИВЕН И НАЈЕФИКАСЕН НАЧИН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ГРИПОТ.