Здравствено воспитување

Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група 0-6 години

Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Кочани се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на мали деца, персоналот во установи за престој на доенчиња и мали деца и др.

    Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните теми:

  • улогата на мајките во правилната нега и исхрана на доенчињата и малите деца,
  • превенцијата на рахитисот и рано откривање
  • превенцијата на повредите и забниот кариес
  • имунизација и нејзино значење
  • особености на најчестите заболувања кај доенчиња и превенција
  • физички активности кај предшколски деца
Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група, училишни деца и младина 7-19 години

Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Кочани се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на училишни деца и младина, психолози, педагози во образовните установи.

    Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните здравствени проблеми :

  • болести на зависност-алкохолизам,пушење и наркоманија
  • сексуално преносливи болести и превенција
  • контрацепција
  • деформитети на рбетниот столб и градниот кош
  • дентален кариес
  • последици од неправилна исхрана
Приоритети и активности кои се однесуваат на женското население во генеративниот период

Здравствено воспитните активности се во врска со превенцијата на малигните заболувања согласност со за тоа изготвени програми.

Приоритети и активности кои се однесуваат на целокупното возрасно население на подрачјето на ЦЈЗ Кочани
  • превенција на респираторните заболувања,
  • превенција на кардиоваскуларните заболувања,
  • превенција на малигните заболувања,
  • превенција на повредите,
  • превенција на болестите на дигестивниот систем и др.