Епидемиологија е наука за факторите кои влијаат врз здравјето и болестите кај населението и претставува основа и логика на интервенциите кои се вршат во интерес на јавното здравје и превентивната медицина.
Основна цел на работата на епидемиолошката служба е превенција и спречување на заразните и незаразните заболувања. За таа цел се собираат податоци за движењето на заразните заболувања од пријавите за поедини заболувања или епидемии, кои пристигнуваат од ординациите за примарна здравствена заштита, болниците и лабораториите. Покрај тоа се врши епидемиолошки надзор на лицата кои се во контакт со заболени од одредени заразни заболувања, како и на лица кои патуваат или допатувале од ендемски или епидемиски подрачја. Надзорот опфаќа мерки на превенција, вклучувајќи го епидемиолошкото извидување, одредување на противепидемиски мерки и превентивна вакцинација и хемиопрофилакса.
- Во составот на службата за Епидемиологија има два оддели:
- отсек за епидемиологија
- отсек за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Службата за епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје-Кочани има свои единици во Виница, Берово, Пехчево и Делчево.
- Службата за епидемиологија ги обавува следните дејности:
- спречува и сузбива заразни заболувања;
- следи бацилоносителство на заболени и сомнителни од одредени заразни заболувања;
- спречува внесување и ширење на тропски, карантински и паразитарни заболувања;
- врши контрола на задолжителна имунизација;
- спроведува имунизација по епидемиолошки индикации;
- доверливо советување и тестирање за ХИВ/СИДА;
- врши здравствено воспитување;
- врши контрола и спречување на интрахоспитални инфекции;
- контрола и пријавување на акутна флакцидна парализа;