ПОСИЛЕН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ СПАСУВА ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ
ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОДГОВОР И ПОДГОТВЕНОСТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ ВО ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАН ДЕМИЈАТА КОВИД-19 ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИJA
Работилницата како завршна презентација беше одржана со две панел дискусии каде покрај презентираното се донесоа заклучоци за идни активности со цел подобра спремност во случај на избивање на нови епидемии.Центар за јавно здравје Кочани беше дел од сите збиднувања од почетокот па се до денес. Предвиден е кризен штаб на локално ниво кое делимично ке биде финансиран од страна на СЗО.
KЛУЧНИ ДОСТИГНУВАЊА
Формирање на функционален Центар за епидемиолошко следење и управување со вонредни ситуации
Навремено споделување на информации, стратешка координација и ефикасно управување со ресурсите се критични елементи на ефикасен одговор на јавно- здравствени вонредни ситуации.
- Се формираше Центар за епидемиолошко следење и управување со вонредни ситуации во Скопје како централен објект за координација и стратешко донесување одлуки поврзани со јавно-здравствен вонредни ситуации.
- Се инкорпорираа дигитални решенија за да се овозможи еледење на настани од јавно здравствен карактер во реално време во сите региони низ целата земја.
- Се развија Стандардни оперативни проце- дури (СОП) и Прирачник за СОП за да се дове- де Центарот до целосна функционалност.
- Се организираа обуки за персоналот на Центарот, епидемиолозите и идните здравствени работници за користење на дигитализираниот систем за следење, како и за зајакнување на нивните знаења за теренска епидемиологија, проценка на ризик, брза реакција при појава на епидемија, анализа на податоци и управување со вонредни ситуации.
- Стратешка алатка за проценка на ризикот (ЅТАК) – се воведе нов пристап за да се овозможи брза, базирана на докази, стратешка процена на ризиците од јавното здравје за пла- нирање и приоритизација на здравствената подготвеност за вонредни ситуации и активностите за управување со ризици од катастрофи.
Користејќи го пристапот за „Анализа и мапирање на ранливоста и ризикот (УИАМ), сее спроведе географски базирана проценка
Работењето во тесна соработка со здравствените власти беше од централно значење за да се помогне во донесувањето на научно засновани и ефективни одлуки при планирањето и спроведувањето на стратегиите за вакцинација против КОВИД-19.
Центар за Јавно здравје Кочани ке биде дел од овој систем како значајна единка во ланецот на зачувување на здравјето на граѓаните
ЦЈЗ Кочани
Директор
Дипл. Инг. Гоце Серафимов

