Центар за јавно здравје Кочани
  • Почетна
  • Дејности
    • Хигиена
    • Микробиологија
      • Бактериологија
      • Имунологија
    • Епидемиологија
      • Услуги
    • Социјална медицина
      • Здравствено воспитување
      • Советувелиште за репродуктивно здравје
  • Услуги
    • Микробиолошки испитувања
    • Санитарни прегледи
    • Санитарна микробиологија
    • Испитување на вода
    • Испитување на намирници
    • ДДД активности
    • Вакцини по епидемиолошки индикации
    • Тестирање на ХИВ/СИДА
    • Договор за деловна соработка
    • Акредитација
    • Основни знаења за безбедност на храна
  • Јавни Набавки
  • Документи
    • Од јавен карактер
    • За јавни набавки
    • За институцијата
  • За нас
  • Контакт

Понеделник-Петок

од 7:00 до 15:00 часот

Тел: 033 270 688

Е-маил: [email protected]

Милан Зечар бр.21

2300 Кочани

11
13 July 2020

Тутунот и здравјето на белите дробови – Светски ден без тутун, 2020 година

Центар за Јавно Здравје Кочани - Кочани Новости

Направете секој ден да биде ден без тутун во светот 31 МАЈ,2020

Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2020 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.

Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2020 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.

Пушење — вдишување на чадот од растение што гори, особено тутун од цигара, пура или луле.

И покрај социјалните и медицински совети против пушењето, оваа навика е раширена насекаде во светот. 

Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици).

Tие последици вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и рак на устата, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата.

Пушењето, исто така го зголемува ризикот од други болести.

1212

Пасивното пушење (вдишувањето на чадот од другите пушачи) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.

Програмите за самопомош и докторската помош, заедно со  никотинските лепенки , гуми за џвакање, лозенги , инхалер , назален спреј,  кои ја обезбедуваат потребната доза на никотин, спаѓаат во помагалата кои им се на располаѓањена оние кои сакаат да се откажат од цигарите како и неникотинска терапија Bupropion и Varenicline.

Многубројните кампањи против пушењето во САД го намалија бројот на пушачи, иако во останатите држави тој сѐ уште е во пораст.

123
321

Цигара оставена да гори. Денес ова е најупотребуваниот начин на пушење

ПРОЦЕНКИ НА СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА (СЗО)

Актуелните проекции покажуваат дека во 2025 година, ако глобалната преваленција на употребата на тутун остане непроменета, бројот на активни една милијарда и триста милиони пушачи, ќе се покачи на една милјарда и седумстотини илјади.

  • До 2020 година, пушењето ќе биде една од трите причини за смрт на возрасните.
  • До 2030 година, секој седми од десет смртни случаи ќе бидат поврзани со тутунот, во земјите во развој.
  • Тоа значи една смрт на секои 8 секунди.
  • Истражувачите пресметале дека на старост од 70 години, се губат околу 8 години од очекуваниот век на живеење на пушачите.
456
УЛОГАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРИ ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ
  • Кредибилитет
  • Знаење
  • Поддршката што може да им ја даваат на пациентите
  • Ресурсите кои ги имаат на располагање
  • Способност да реагираат во критични моменти
СТРАТЕГИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕТО
  • Ask- прашај
  • Advice- советувај
  • Assess- процени
  • Assist- помогни
  • Arrange- следи
КАКО ЧАДОТ ОД ЦИГАРИТЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ПАСИВНИТЕ ПУШАЧИ

Чадот од цигарите не влијае само на пушачите туку и на непушачите. Кога пушите, луѓето околу вас се исто така изложени на ризик од здравствени проблеми, особено децата. Пасивното пушење може да предизвика респираторни состојби, карцином и срцеви болести.

456456
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ЦИГАРИТЕ ?

Сега кога знаете дека пушењето цигари може да биде штетно врз вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас, време е да се откажете од оваа лоша навика. Доколку се откажете од цигарите, ќе:

  • Го продолжите животот.
  • Намален ризик од кардиоваскуларни болести. Откажувањето од цигарите го намалува ризикот од повторен срцев удар и смрт од срцеви болести за 50%. Доколку престанете со пушењето исто така го намалувате ризикот од висок крвен притисок, болест на периферната артерија и мозочен удар.
  • Намален ризик од развивање на други болести вклучително дијабетес, карцином на бели дробови и грлото, емфезема, хроничен бронхитис, хронична астма, чиреви, болести на непцата и многу други болести.
  • Ќе се чувствувате поздрави. По откажувањето, нема да имате суво грло или да кашлате како претходно, а ќе имате и повеќе енергија.
  • Ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро. Откажувањето од цигарите помага во превенција на брчки на лицето, ослободување од жолтите наслаги на забите, подобрување на изгледот на кожата па дури и ослободување од лошиот мирис на вашата облека и коса.
  • Ќе се подобри чувството за вкус и мирис.
  • Ќе заштедите.
ГЕНЕРАЛНИ ПРЕПОРАКИ
  • Да се следат препораките на СЗО и на Европската рамковна конвенција за контрола на тутунот.
  • Да се следат насоките од Стратегијата ,,Здравје за сите во 21 век,,
  • Да се спроведува позитивната законска регулатива за забрана на пушење во Р.С. Македонија.
678
СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО 2020 Одговор на здравствениот систем при вонредни состојби/катастрофи

Останати Новости

Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AM

Новости

Во микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE

Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AM

Новости

СВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА

viber_image_2023-10-31_11-11-04-434

Новости

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!

Новости

  • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
  • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
  • viber_image_2023-10-31_11-11-04-434ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!
  • IMG-bc03b9449aa9a168ca22f90263b48d54-V55-ти Денови на превентивна медицина – Ниш
  • viber_image_2022 12 22_13 20 51 736Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
Центар за јавно здравје Кочани

    Центар за јавно здравје Кочани, како дел од здравствениот систем во Република Северна Македонија, од областа на превентина медицина, има за цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

    Новости

    • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
      14 March 2025
    • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
      5 February 2025
    • alkoholizamКампања на СЗО/ЕВРОПА ,, РЕДЕИФИНИРАЈ ГО АЛКОХОЛОТ’
      3 October 2024

    Контакт



      Работно време

      • Прием на материјали :
        7:00 - 13:00 часот
      • Земање на крв :
        7:30 - 10:30 часот
      • Подигање на резултати :
        12:00 - 14:00 часот
      • Понеделник - Петок
        7:00 - 15:00 часот
      • Сабота - Недела
        Затворено
      Контакт

      Tелефон: 033 270 688

      Локација:

      улица: "Милан Зечар" бр. 21 2300 Кочани

      Емаил

      [email protected]

      © 2021 Развиено од echko.net
      ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

      org sema

      ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ

      podr edinic-01