Во интерес на нашите клиенти – корисници на наши услуги, а за подобра реализација на наплатата на извршените услуги, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани нуди можност за склучување на Договори за деловна соработка.
Со договорите се утврдува предметот на договорот (кои анализи и услуги ќе се вршат), нивниот обем, начин и рок на реализација на договорот, како и начинот на плаќање.
Затоа, доколку сте постоечки корисник на наши услуги како што се:
- санитарни прегледи,
- хемиски и бактериолошки анализи на храна или вода за пиење,
- хемиски анализи на предмети за општа употреба,
- брисеви од работни површини, опрема и прибор за јадење,
- контролa на стерилизатор,
- дезинфекција,
- дезинсекција,
- дератизација и др.
и истите се во поголем обем или често ги користите нашите услуги, Ви препорачуваме да склучите Договор за соработка со нашата институција, со утврден попуст.
За подетални информации обратете се на телефон 033 270 688 или на е-маил:[email protected].