Услуги

Вакцинација
Издавање сертификат за дадени вакцини за патување во странство
Тестирање за ХИВ/СИДА
Дезинфекција, дезинсекција и
дератизација.
 
СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА
  • Се врши следење и проучување на заразните заболувања кои се регистрираат во Регионот врз основа на индивидуалните пријави за заразни заболувања;
  • Се врши епидемиолошко извидување и епидемиолошка анкета кај пријавените заразни заболувања при нивно спорадично или епидемиско јавување;
  • Се изготвуваат информации анализи и извештаи за заразните заболувања;
  • седмодневни извештаи за грип;
  • месечни билтени; (кога ќе се кликне овде треба да се покажат податоци кои ние ќе ги внесиме);
  • шестмесечни и годишен извештај и анализа за движењето на заразните заболувања во Регионот;
  • Се предлагаат и превземаат мерки за спречување на појавата и ширењето на заразните заболувања како и на епидемии.
КОНТРОЛА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИМУНИЗАЦИЈА
  • Се врши планирање, организирање, контрола и евалуација на со Закон и Правилник препишани задолжителни вакцинации согласно календарот на имунизацијата;
  • Се пратат и евидентираат евентуални несакани појави и поствакцинални комликации.
ДОВЕРЛИВО СОВЕТУВАЊЕ И ТЕСТИРАЊЕ ЗА ХИВ/СИДА

Во службата за епидемиологија при Центар за јавно здравје – Кочани работи Советувалиште за ХИВ/СИДА каде се врши доброволно и доверливо советување и тестирање на сите лица кои сакаат да ја проверат својата здравствена состојба за ХИВ/СИДА. Советувањето го изведуваат стручни лица кои даваат совети пред тестирање и после тестирање.

Интересот на лицата за доброволно и доверливо тестирање од година во година е се поголем. Причината за тестирањето е најчесто сомнителен сексуален контакт, нова врска, интравенско користење на дроги и др.
Советувањата се доверливи, анонимни и бесплатни.
Лицата кои сакаат анонимно да бидат тестирани можат да добијат информации на телефон 033 273 688 или во Центар за јавно здравје – Кочани

ЕДУКАТИВНА ДЕЈНОСТ
  • учество на домашни и меѓународни стручни манифестации (конгреси, семинари и работилници);
  • се спроведува едукативна дејност на лекари стажанти и медицински сестри (задолжителен приправнички стаж).
СЛЕДЕЊЕ НА БАЦИЛОНОСИТЕЛСТВО НА ЗАБОЛЕНИ И СОМНИТЕЛНИ ОД ОДРЕДЕНИ ЗАРАЗНИ ЗАБОЛУВАЊА
  • Се врши епидемиолошка контрола и надзор на најважни епидемиолошки ризични места и објекти: детски градинки, јасли, основни и средни училишта, објекти за исхрана;
  • Се водат регистри на клицоносителите.
СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ НА ТРОПСКИ, КАРАНТИНСКИ И ПАРАЗИТАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
  • Се врши епидемиолошки преглед и надзор над контактите од прв ред на сите патници и повратници од странство после пријава од граничната санитарна инспекција;
  • Предлага и спроведува противепидемиски мерки.
СПРОВЕДУВАЊЕ ИМУНИЗАЦИЈА ПО ЕПИДЕМИОЛОШКИ ИНДИКАЦИИ

Се даваат вакцини по епидемиолошки индикации за следните заразни заболувања: хепатит Б, грип, тифус абдоминалис и тетанус.

ЗДРАВСТВЕНО ВОСПИТУВАЊЕ
  • Се одржуваат предавања за заразните заболувања во училиштата, високите школи и факултетите;
  • Се информира јавноста за појавата и движењето на заразните заболувања преку медиумите (радио, телевизија и дневни и неделни часописи).
ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА

Одделот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација спроведува превентивни и противепидемиски постапки на ДДД во Регионот на ЦЈЗ-Кочани;

  • Врши планирање, контрола и надзор над изведувањето на ДДД активностите;
  • Издава сертификат за извршената ДДД услуга.