Микробиологија

Микробиологијата со паразитологијата како медицинска гранка ја проучува етиологијата на инфекциите, ја усмерува антибактериската терапија и ја обработува методологијата и нивната специфична дијагностика.

Одделението за микробиологија со паразитологија Кочани и Отсекот по микробиологија во Берово, функционираат во рамките на ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани. Тие вршат јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за населението во регионот на Кочани. Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:

  • поставување на етиолошка дијагноза на заразни заболувања;
  • микробиолошки и паразитолошки анализи за ретроспективни епидемиолошки испитувања;
  • контрола на преземени мерки (стерилизација, антибиограм, имунизација, ефекти од лекување и друго);
  • микробиолошки прегледи на лица кои доаѓаат од земји каде има маларија, колера или други заболувања, за кои испитувањата се задолжителни со закон;
Организациона поставеност на одделението

Отсек за бактериологија со паразитологија- Кочани;

Во склоп на овој отсек работат:

  • Лабораторија за ентеро инфекции и генито уринарни инфекции;
  • Лабораторија за респираторни и интрахоспитални инфекции;
  • Лабораторија за серолошки  испитувања/анализи;
  • Оддел за припремање на бактериолошки подлоги, садомијална и стерилизација;
  • Оддел за прием на материјали и издавање на резултати.

Отсек за бактериологија со паразитологија – Берово

  • Лабораторија за ентеро инфекции и генито уринарни инфекции;
  • Лабораторија за респираторни и интрахоспитални инфекции;
  • Лабораторија за серолошки испитувања/анализи;
  • Оддел за прием на материјали и издавање на резултати.
Кадровска екипираност
  • Доктори-специјалисти по микробиологија:  2 доктори
  • Здравствени работници со ВСС: 4 работници
  • Здравствени работници со ССС: 5 работници