Отсек за бактериологија со паразитологија
Во лабораторијата за респираторни и интрахоспитални инфекции се испитуваат следните материјали:
- Брисеви од грло, нос, коњуктиви, уши, рани, пунктати, абсцес и др.
- Трахеален аспират, искашлок, бронхијален секрет;
- Крв за хемокултура;
- Ликвор;
- Брисеви од работни површини, предмети и друг болнички материјал за контрола на стерилност, по Програма за интрахоспитални инфекции;
- Контрола на стерилност на физиолошки и други медицински раствори;
- Биолошка контрола на стерилност на суви и влажни стерилизатори, автоклави.
Видови испитувања:
- Изолација и идентификација на аеробни и анаеробни бактерии: Staphylococcus
aureus,Streptococcus pyogenes (A, B, D), Streptococcus Pneumoniae, Haemophilus influenzae, Moraxella (Branchamella) catarrhalis, Neisseria Meningitidis, Bacteroides Spp., Candida species, Aspergillus spp. итн. - Одредување на осетливост на изолираните бактериски видови, спрема одредени
Во лабораторијата за ентеро инфекции и урогенитални инфекции се испитуваат следните материјали:
- Фецес;
- Урина;
- Сперма;
- Урогенитални брисеви (брис од уретра, вулва, вагина и цервикс).
Видови испитувања:
- Изолација и идентификација на Salmonella, Shigela, Рота – Аденовируси.
- Докажување на антиген на : Helicobacter pylori, Giardia lamblia во фецес
- Изолација и идентификација на уринарни инфекции: E. Coli, Proteus spp., Enterobacter Spp., Citrobacter Spp., Klebsiella Spp. и друго.
- Изолација и идентификација на причинители на генитални инфекции: Streptococcus aggalctiae, Streptoccocus faecalis, Mycoplasma, Ureoplasma, Chlamydia и др.
- Одредување на осетливоста на изолираните соеви спрема одредени антибиотици (антибиограм) со диск – дифузиона метода.
Идентификацијата на бактериските видови во овие лаборатории се врши со современа дијагностика (Мини Апи– идентификација), високо селективни подлоги, комерцијални Slidex тестови итн.
Одделот за припремање на бактериолошки подлоги, садомијална и стерилизација се вршат следните работи:
- Деконтаминација на бактериолошкиот материјал, негово миење , припремање за стерилизација и конечна стерилизација;
- Припрема на бактериолошки подлоги, варење, разлевање и нивна стерилизација
Одделот за прием на материјали и издавање на резултати:
Во одделот за прием на материјали и издавање на резултати се врши прием на материјал за микробиолошко испитување, а по извршените анализи се издаваат соодветните резултати. Тука е важно да ги споменеме и општите правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување.
Општи правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:
НАПОМЕНА: Од начинот на правилно земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста – точноста на добиените резултати. За таа цел треба да се води сметка за:
1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;
2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЗЗЗ Кочани);
3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;
4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;
5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол, дијагноза, примена терапија и друго;
6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.
Само со спроведување на овие пораки резултатите секогаш ќе бидат вистински сигурни.
Лабораторијата за паразитологија ги испитува вегетативните и цистични форми на паразити.