Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група 0-6 години
Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Кочани се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на мали деца, персоналот во установи за престој на доенчиња и мали деца и др.
- Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните теми:
- улогата на мајките во правилната нега и исхрана на доенчињата и малите деца,
- превенцијата на рахитисот и рано откривање
- превенцијата на повредите и забниот кариес
- имунизација и нејзино значење
- особености на најчестите заболувања кај доенчиња и превенција
- физички активности кај предшколски деца
Приоритети и активности кои се однесуваат на возрасната група, училишни деца и младина 7-19 години
Здравствено воспитните активностите на ЦЈЗ Кочани се во соработка со: здравствените работници во службата која спроведува здравствена заштита на училишни деца и младина, психолози, педагози во образовните установи.
- Здравствено воспитната активност ќе биде насочена кон следните здравствени проблеми :
- болести на зависност-алкохолизам,пушење и наркоманија
- сексуално преносливи болести и превенција
- контрацепција
- деформитети на рбетниот столб и градниот кош
- дентален кариес
- последици од неправилна исхрана
Приоритети и активности кои се однесуваат на женското население во генеративниот период
Здравствено воспитните активности се во врска со превенцијата на малигните заболувања согласност со за тоа изготвени програми.
Приоритети и активности кои се однесуваат на целокупното возрасно население на подрачјето на ЦЈЗ Кочани
- превенција на респираторните заболувања,
- превенција на кардиоваскуларните заболувања,
- превенција на малигните заболувања,
- превенција на повредите,
- превенција на болестите на дигестивниот систем и др.