Меѓународен ден на семејството – 15 – ти мај
Меѓународен ден на семејството — ден што се слави секоја година на 15 мај. Генералното собрание на Обединетите нации го прогласило овој празник со резолуција во 1993 година. Празникот ја истакнува важноста на семејството во меѓународната заедница. За прв пат бил одбележан на 15 мај 1994 година.
Меѓународниот ден дава можност да се подигне свеста за прашања поврзани со семејствата и да се зголеми знаењето за општествените, економските и демографските процеси кои ги засегаат семејствата.
Избраниот датум за ова одбележување, 15-ти мај секоја година, бил избран по повод усвојувањето на првобитната резолуција со која била предложена Меѓународна година на семејството. Одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството започнало во 1994 година, и дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и зголемување на знаењето за општествените, економските и демографските процеси кои ги засегаат.
Главни цели за 2025 година:
- Потенцирање на значењето на семејните политики, особено во контекст на Вториот светски самит за општествен развој.
- Анализа на постојните политики преку извештаи за периодот 2020–2024.
- Осврт на иницијативи по повод 30 години од Меѓународната година на семејството.
- Промовирање добри практики на национално и регионално ниво.
- Давање препораки за идни семејни политики во рамки на Агендата 2030.
Глобални трендови што влијаат врз семејствата:
- Повеќе различни типови семејства: самохрани родители, истополови партнери, семејства без деца итн.
- Пораст на индивидуализам и фокус на личниот развој.
- Намалување на наталитетот поради економски и социјални фактори.
- Дигитализацијата менува семејната комуникација, но носи и ризик од отуѓување.
- Татковците се повеќе се вклучени во грижата за децата и домаќинството.
- Многу семејства живеат разделени поради миграција.
Семејството во Република Северна Македонија:
Земјата се соочува со сериозни демографски и социјални предизвици:
- Многу низок наталитет – само 8,9 живородени деца на 1.000 жители во 2023.
- Се зголемува просечната возраст на мајките при првото дете (над 28 години).
- Расте бројот на разводи – околу 2.000 годишно.
- Четвртина од децата живеат во ризик од сиромаштија.
- Младите се соочуваат со економска несигурност, недостапност на станбен простор и потешкотии при вработување.
- Миграцијата значително ја менува семејната структура – многу млади заминуваат во странство.
- Родовата нерамноправност останува проблем, особено во руралните и традиционални заедници.