ОД 20 ДО 22 МАЈ – ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО
Од 20 до 22 мај, Центарот за јавно здравје – Кочани на подрачјето на Општина Кочани ќе спроведе превентивно ларвицидно и терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци.
Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени 306 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
За третманот против комарците ќе се користи ларвицидното средство метопрен и препратот аква к-отрин, со активната супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.