МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА – Прием на материјали телефон: 033 270-688
Од начинот на земање на материјалите за анализа, зависи и валидноста – точноста на добиените резултати.
Листа на микробиолошки услуги
- Општи правила за земање на примероци од клинички материјали за микробиолошко испитување:
- 1. Примерокот (материјалот) мора да потекнува од местото на инфекција, како би се открил етиолошкиот причинител;
- 2. Примерокот да се земе во стерилни садови, кои добро се затвораат (стерилните садови се земаат од шалтер во ЈЗУ ЦЈЗ Кочани);
- 3. Треба да се одбегнува контаминација со физиолошка флора;
- 4. Садот со примерокот треба да е обележан со име и презиме на болниот;
- 5. Упатницата која пропратно се испраќа треба да е јасно пополнета со јасни податоци за тоа кој материјал се испраќа, каква анализа се бара, возраст, пол , дијагноза, примена терапија и друго;
- 6. Примерокот по правило треба да се земе пред почеток на антибиотска терапија, а ако тоа не е возможно да се наведе или наведат применетите антибиотици.
- 7. Само со спроведување на овие препораки резултатите секогаш ќе бидат вистински сигурни.