Начинот на вршење, содржината на прегледите, видовите на прегледите и роковите за на вршењето на задолжителните здравствено – хигиенски прегледи се поблиску опишани во Правилникот (Сл.весник на РМ бр.152/07), донесен согласно член 48 од Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.в.на РМ бр.66/2004).
За кои лица се задолжителни овие прегледи?
Прегледите од овој закон се задолжителни за:
- лицата кои спроведуваат воспитно – образовна дејност и здравствена дејност;
- лицата кои доаѓаат во контакт со производството и промет на храна, при снабдување на населението со вода за пиење;
- вработени во производство, подготовка и издавање на лекови и лицата кои на друг начин во текот на работата доаѓаат во непосреден контакт;
- лицата кои укажуваат хигиенска нега, работат во производство на козметички средства или вршат рекреација на населението.
Што опфака санитарниот преглед?
- 1. лекарски преглед;
- 2. земање материјал за бактериолошки и паразитолошки испитувања;
- 3. издавање на санитарна книшка.
Каде се вршат овие прегледи?
- Во Одделението по хигиена и здравствена екологија,
- Во работните простории на нарачателот ( на терен )