1-ВИ ОКТОМВРИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА
Интернационалниот ден на старите лица се одбележува на 1 октомври секоја година. Овој ден е прогласен од страна на Обединетите нации во 1990 година, со цел да се подигне свеста за прашањата кои ги засегаат постарите луѓе – како стареењето на населението, нивните права, вклученост во општеството, здравствена заштита, дискриминација, социјална заштита и достоинство.
Стареењето на населението е една од карактеристиките на 21 век. Демографијата вели дека светот старее, а бројот на старите лица се повеќе станува доминантен. Се претпоставува дека оваа значајна социјална трансформација, за само една деценија, ќе доведе до пораст на старите лица за 46% на глобално ниво, а во наредните децении се очекува тој број да порасне и до 20% од севкупното светско население. Тоа значи дека бројот на старите лица ќе биде поголем од сите други популации во светот.
Цели на Интернационалниот ден на старите лица:
- Промовирање на достоинствено стареење и активно учество на постарите лица во општеството.
- Потсетување на важноста од почитување и грижа за старите лица.
- Поттикнување на меѓугенерациска солидарност.
- Изнесување на предизвиците со кои се соочуваат старите лица, како што се сиромаштија, осаменост и здравствени проблеми.
Како се одбележува?
Во многу земји, вклучително и во Македонија, се организираат:
- Културни настани и собири во домови за стари лица
- Едукативни кампањи и медиумска промоција
- Волонтерски активности и посети на стари лица
- Панели, конференции и јавни дебати за нивните права
Темата за 2025 година на Интернационалниот ден на старите лица е:
Older Persons Driving Local and Global Action: Our Aspirations, Our Well‑Being, Our Rights“
„Постарите лица што управуваат локални и глобални акции: Нашите аспирации, нашата благосостојба и нашите права“
„Староста води – со глас, со мудрост, со право!“
Подготвила:
Спец.д-р Марија Постоловска Грижов
Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје
ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ