Центар за јавно здравје Кочани
  • Почетна
  • Дејности
    • Хигиена
    • Микробиологија
      • Бактериологија
      • Имунологија
    • Епидемиологија
      • Услуги
    • Социјална медицина
      • Здравствено воспитување
      • Советувелиште за репродуктивно здравје
  • Услуги
    • Микробиолошки испитувања
    • Санитарни прегледи
    • Санитарна микробиологија
    • Испитување на вода
    • Испитување на намирници
    • ДДД активности
    • Вакцини по епидемиолошки индикации
    • Тестирање на ХИВ/СИДА
    • Договор за деловна соработка
    • Акредитација
    • Основни знаења за безбедност на храна
  • Јавни Набавки
  • Документи
    • Од јавен карактер
    • За јавни набавки
    • За институцијата
  • За нас
  • Контакт

Понеделник-Петок

од 7:00 до 15:00 часот

Тел: 033 270 688

Е-маил: [email protected]

Милан Зечар бр.21

2300 Кочани

Internacionalen den na stari lica 2020
1 October 2020

Интернационален ден на стари лица

Центар за Јавно Здравје Кочани - Кочани Новости

На 14 декември 1990 година, Генералното собрание на Обединетите нации го определи 1 октомври како Меѓународен ден настарите лица. На ова му претходеа иницијативи како што е Виенскиот Меѓународниот акционен план застареење – кој во 1982 беше усвоен од страна на светското собрание за стареење – и одобрение подоцна таа година од страна на Генералното собрание на ОН. Во 1991 година, Генералното собрание ги усвои Принципите за стари лица на Обединетите нации.

Во 2002 година, Второто Светско собрание за стареење го усвои Мадридскиот Меѓународен акционен план за стареење, да одговори на можностите и предизвиците на стареењето на населението во 21 век и да се промовира развојот на општество за сите возрасти.

Одбележувањето на 25 годишнината од Меѓународниот ден на старите лица оваа година се фокусира не само на влијанието на новата урбана средина врз старите лица, туку и на влијанието на старите лица кон урбаната средина. Па така темата зa одбележувањето е „Одржливост и вклученост на старите лица во урбаната средина“.

На светско ниво, преселбата на луѓето од рурални во урбани средини е со рекордно темпо и се очекува да порасне на 6 од секои 10 луѓе, до 2030 година. Во согласност со феноменот на урбанизацијата, многу брзо се зголемува и бројот на стари лица во урбаните области на земјите во развој. Ефектот од двата феномена подразбира зголемување на бројот на старите лица до 900 милиони, односно на четвртина од населението во земјите во развој.

Со брзото стареење на светот, старите лица ќе заземаат се поголема улога во општеството – преку волонтерска работа, пренесување на знаење и искуства, помош за грижа на семејството и зголемување на нивното учество во платената работна сила.

Република Македонија неодамна го помина прагот на демографската старост. Со 15% старо население над 60 години, на Пописот во 2002 година, Република Македонија го надминува коефициентот на старо население од 12%. Според овие податоци, припаѓаме во земјите со висок степен на застапеност на старо население во севкупното население кое што живее во РМ.  Зголемениот број на стари лица, всушност претставува и зголемување на барањата на јавниот здравствен систем, како на медицинските така и на социјалните служби. Постојат повеќе документи на национално ниво за уредување на политиките за стареење преку кои се oбезбедува  целосна интеграција и партиципација на постарите лица во општеството како што е Национална Стратегија за стари лица 2010-2020.

Постојаните докази од  најголемиот број на истражувања укажуваат на фактот дека постарите лица кои се предмет на злоупотреба, се најчесто жени, со слабо физичко здравје, нарушени когнитивни функции и зависни од други лица, а тоа го согледуваме и преку резултатите на  “Националното истражување за преваленцијата на злоупотребата и занемарувањето на постарите лица во домаќинствата во Република Македонија”. Заболувањата (како што се депресија, хипертензија, мозочен удар и срцеви напади) често се предизвикани од злоупотребата, а пак истите овие заболувања понатаму придонесуваат кон дополнителна злоупотреба. Во истражувањето ризик факторите што се идентификувани во однос на злоупотреба и занемарување на постарите лица се: полот (жените имаат поголема шанса да бидат изложени на злоупотреба од мажите), постарите лица што живеат со партнери имаат поголема шанса да бидат злоупотребувани, во споредба со оние што не живеат со партнер (освен во случајот на занемарувањето), физичките заболувања и депресијата (освен во случајот на финансиска злоупотреба), како и поседувањето на сопствен стан или куќа (освен кога се работи за занемарување). Стареењето на популацијата е успех на целокупниот развој на цивилизацијата, а едно од најголемите достигнувања на човештвото е долговечноста. Таа се должи на унапредување на санитација, развојот на медицината, здравствената заштита, едукацијата, исхраната, како и подобрување на економската благосостојба.

Падот на стапката на наталитетот и продолжениот животен век исто така ја менува демографската слика во земјите низ светот. Во 1950 година имало 205 милиони лица на возраст над 60 години, а 605 милиони во 2000 година.Тој број се очекува да порасне на над две милијарди до 2050 година.

Клучни факти

  • Помеѓу 2015 и 2050 година процентот на светската популација над 60 години речиси двојно ќе се зголеми од 12% на 22%.

  • До 2020 година бројот на луѓе на возраст од 60 години и постари ќе бидат побројни од деца помали од 5 годишна возраст.

  • Во 2050 година 80% од постарата популација ќе живее во земјите со низок и среден приход.

  • Сите земји се соочуваат со големи предизвици за да се осигураат дека нивните здравствени и социјални системи се подготвени за големи промени.



Во Република Македонија  се донесени два клучни документи: Национална стратегија за стари лица, Национална стратегија за палијативна грижа. Во овие два документи се идентификуваат  приоритетните задачи за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица и лица со малигни и хронични заболувања.

Палијативното згрижување е активно, севкупно згрижување на лица со напредната, неизлечива, прогресивна болест чија цел е да му се помогне на пациентот од сите аспекти на неговото страдање. Растечкиот тренд на стареењето на популацијата како во светот така и кај нас има за последица зголемен број на болести со хроничен и прогресивен тек најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите, следуваат случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а на четврто место се смртните случаи кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем.

Клучни приоритети за подобрување на активното стареење се:

  1. Подобрени здравствени и социјални услуги

  1. Доближување на јавните услуги до постарите лица

  2. Обезбедување на предуслови за доживотно учење, активно стареење и меѓугенерациска солидарност.

Помеѓу 2017 и 2030 година, се предвидува дека бројот на лица на возраст од 60 години или повеќе се очекува да порасне за 46% (од 962 милиони на 1,4 милијарди) на глобално ниво овој број е поголем од бројот на  младите, како и на децата под 10-годишна возраст. Стареењето на населението се претпоставува дека ќе стане една од најзначајните социјални трансформации на 21 век.

Постарите луѓе отсекогаш играле значајна улога во општеството како водачи, заштитници и чувари на традицијата. Сепак, тие се исто така многу ранливи, при што многу од нив се соочуваат со сиромаштија, ја губат физичката способност или се соочуваат со дискриминација. Како што се подобрува здравствената заштита, расте популацијата на постари лица. Нивните потреби исто така растат, како и нивните придонеси во светот. Меѓународниот ден на старите лица е можност да се потенцираат важните придонеси што старите луѓе ги даваат во општеството и да ја подигнат свеста за можностите и предизвиците на стареењето во денешниот свет.

Заштита од топлотен бран Ден на срцето 29 Септември

Останати Новости

Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AM

Новости

Во микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE

Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AM

Новости

СВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА

viber_image_2023-10-31_11-11-04-434

Новости

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!

Новости

  • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
  • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
  • viber_image_2023-10-31_11-11-04-434ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!
  • IMG-bc03b9449aa9a168ca22f90263b48d54-V55-ти Денови на превентивна медицина – Ниш
  • viber_image_2022 12 22_13 20 51 736Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
Центар за јавно здравје Кочани

    Центар за јавно здравје Кочани, како дел од здравствениот систем во Република Северна Македонија, од областа на превентина медицина, има за цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

    Новости

    • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
      14 March 2025
    • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
      5 February 2025
    • alkoholizamКампања на СЗО/ЕВРОПА ,, РЕДЕИФИНИРАЈ ГО АЛКОХОЛОТ’
      3 October 2024

    Контакт



      Работно време

      • Прием на материјали :
        7:00 - 13:00 часот
      • Земање на крв :
        7:30 - 10:30 часот
      • Подигање на резултати :
        12:00 - 14:00 часот
      • Понеделник - Петок
        7:00 - 15:00 часот
      • Сабота - Недела
        Затворено
      Контакт

      Tелефон: 033 270 688

      Локација:

      улица: "Милан Зечар" бр. 21 2300 Кочани

      Емаил

      [email protected]

      © 2021 Развиено од echko.net
      ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

      org sema

      ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ

      podr edinic-01