1-ВИ ОКТОМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТАРИ ЛУЃЕ
Секоја година, на 1ви октомври луѓето ширум светот го одбележуваат Меѓународниот ден на старите лица на Обединетите нации со цел за да се подигне свеста за можностите и предизвиците со кои се соочуват лицата во текот на стареењето. Исто така една од целите е да ги мобилизираат заедниците со цел справување на потешкотиите со кои се соочуваат старите лица. Постарите луѓе играат важна улога во нашите заедници како : негуватели, волонтери, активисти и медијатори во заедницата. Но овие витални придонеси често се занемаруваат или се ограничени од други општествени и физички бариери. Сите ние треба да учествуваме со свој придонес за да ги направиме општините и заедниците подостапни и прифатливи места за стареење и да овозможиме старите лица да се чувствуваат корисни во местата каде што живеат.