Центар за јавно здравје Кочани
  • Почетна
  • Дејности
    • Хигиена
    • Микробиологија
      • Бактериологија
      • Имунологија
    • Епидемиологија
      • Услуги
    • Социјална медицина
      • Здравствено воспитување
      • Советувелиште за репродуктивно здравје
  • Услуги
    • Микробиолошки испитувања
    • Санитарни прегледи
    • Санитарна микробиологија
    • Испитување на вода
    • Испитување на намирници
    • ДДД активности
    • Вакцини по епидемиолошки индикации
    • Тестирање на ХИВ/СИДА
    • Договор за деловна соработка
    • Акредитација
    • Основни знаења за безбедност на храна
  • Јавни Набавки
  • Документи
    • Од јавен карактер
    • За јавни набавки
    • За институцијата
  • За нас
  • Контакт

 

Понеделник-Петок

од 7:30 до 16:00 часот

 

Тел: 033 270 688

Е-маил: [email protected]

 

Милан Зечар бр.21

2300 Кочани

image3
7 April 2021

24 МАРТ – Светски ден на туберкулозата

Центар за Јавно Здравје Кочани - Кочани Новости

ИЗВОР: ИЈЗ СКОПЈЕ

Секоја година се одбележува  Светскиот ден на туберкулозата (ТБ) 24ти март со цел подигнување на јавната свест за катастрофалните, здравствени, економски и социјални последици од ТБ и воедно да се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ.

Датумот го означува денот во 1882 година кога д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза, со што го отворил патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.

Туберкулозата до денес останува една од најсмртоносните инфективни заболувања на глобално ниво. Секој ден, околу 4500 го губат животот од ТБ, а околу 30 000 заболуваат од оваа болест која може да се лечи и да се превенира. Глобалните напори за борба против туберкулоза спасија околу 54 милиони животи до 2000 година и ја намалија смртноста од туберкулоза за 42 %.

Темата на Светскиот ден на туберкулозата за 2019 година се одбележува под мотото : “Време е!” со што се става акцентот на итноста за да се постапи по обврските на глобалните лидери за:

 

  • Зголемување на пристапот до превенција и третман;
  • Зголемување на  одговорноста;
  • Обезбедување на доволно и одржливо финансирање вклучувајќи и истражувања;
  • Ставање крај на стигмата и дискриминацијата;
  • Потикнување.

Овој светски ден на ТБ, СЗО ги повикува владите, засегнатите заедници, организациите на граѓанските општества, давателите на здравствени услуги, како и  националните и меѓународните партнери да ги обединат силите под слоганот “Пронајди ги и Лекувај ги. #Крај на ТБ, за да бидеш сигурен дека никој не е оставен позади”.

Цели на Глобална стратегија  за  превенција од туберкулоза, грижа и контрола по 2015  до 2025 година

  • За да се достигнат целите утврдени со стратегијата за конечен крај на туберкулозата, потребно е годишниот пад на глобалната стапка на инциденца од туберкулоза да се зголеми, од 2% на годишно ниво во 2015 до 10% годишно до 2025 година.
  • Потребно е процентот на луѓе кои умираат од оваа болест да се намали, од предвидените 15% во 2015 година на 6,5% до 2025 година.

 

Туберкулозата најмногу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Сепак, сите возрасни групи се изложени на ризик. Над 95% од случаите и смртни случаи се во земјите во развој.

Луѓето кои се заразени со ХИВ имаат 20 до 30 % поголема можнoст да развијат активна туберкулоза. Ризикот за активна туберкулоза е исто така поголем кај лицата  кои страдаат односно имаат нарушен имунолошки систем.

Употребата на тутун во голема мера го зголемува ризикот од туберкулоза и смртен исход. 7,9% од случаите на ТБ во целиот свет се припишуваат на пушењето.

Светскиот ден на туберкулозата дава можност да се биде во центарот на вниманието и да се мобилизираат политичките и социјалните структури, со цел да се стави крај на туберкулозата.

Состојба во Република Македонија

Во 2013 година во Република Македонија рeгистрирана е  преваленца на активна туберкулоза од 20,8 на 100 000 жители или 428 случаи. Во 2018 година во Република Македонија рeгистрирана е  преваленца на активна туберкулоза од 11,4 на 100 000 жители или 237  регистрирани случаи. Овие бројки се  помали од превалeнцата во 2010 година, која изнесувала 29,8 болни на 100 000 жители. Во континуитет имаме постојано намалување на вкупниот број болни од туберкулоза за анализираниот период 2010-2018 година и стапката на преваленца, покажува тренд на постојано опаѓање. (Дијаграм1)

 

Преваленца на 100 000 жители во Република Македонија 2010-2018 година

Во 2018 година во Република Македонија рeгистрирана е  инциденца на активна туберкулоза од 10,5 на 100 000 жители  или 217 ново заболени лица, додека во 2013 година инциденцата изнесува  15,7 на 100 000 жители  или 323 новозаболени лица од туберкулоза.

Во анализираниот период 2010-2018 година, стапката  на инциденца, исто како и стапката на преваленца покажува тренд на опаѓање.  Македонија се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца од  земјите во европскиот регион. (Дијаграм2)

Инциденца на 100 000 жители во Република Македонија 2010-2018 година

Превентивни мерки

Со цел за што поуспешна контрола и лекување  на туберкулозата во Република Македонија, намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, особено онаа предизвикана од резистентни соеви на Mycobacterium tuberculosis, спречување на коинфекција меѓу туберкулозата со ХИВ инфекцијата, неопходно е да се превземат сите расположиви превентивни мерки кои придонесуваат за рано откривање и спречување на болеста.

Во Република Македонија лекувањето на новооткриените случаи на туберкулоза се врши според стандардни режими на лекување препорачани од Светската здравствена организација за пречување на ширење на туберкулозата.

Набавка на антитуберкулотици од прва линија за лекување на новорегистрираните случаи на туберкулоза. Оваа активност има за цел да го спречи ширењето на туберкулозата преку лекување на новооткриените случаи на туберкулоза.

Набавка на антитуберкулотици од втора линија за лекување на болни со резистентни форми на туберкулоза. Оваа активност има за цел да го спречи ширењето на резистентните форми на туберкулоза, чие лекување е долготрајно, скапо и честопати неуспешно.

Иако бројот на мулти и полирезистентни форми на туберкулоза во Република Македонија не е голем, сепак, неопходно е да се превземат сите превентивни мерки за спречување на појава на овие форми на туберкулоза.

Значителен придонес кон унапредување на грижата и третманот на ранливите категории како што се: лица со Хепатитис Ц или лица со ХИВ/СИДА, како и  унапредени услови за навремена дијагноза и ран третман, се предуслови со кои сериозно се намалува можноста за понатамошно пренесување на ХИВ вирусот.

Сепак најдобра превентивна мерка е правилно и навремено лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.

4 –ти Февруари светски ден за борба против ракот 7-МИ АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Останати Новости

viber_image_2022 12 22_13 20 51 736

Новости

Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика

20221129_103105

Новости

ПОСИЛЕН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ СПАСУВА ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ

slika1

Новости

Потпишан меморандум и договор за соработка за обавување на практична обука ,,Учење преку работа кај работодавач’’(УПР) со СОУ ,,Љупчо Сантов’’ – Кочани

Новости

  • viber_image_2022 12 22_13 20 51 736Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
  • 20221129_103105ПОСИЛЕН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ СПАСУВА ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ
  • slika1Потпишан меморандум и договор за соработка за обавување на практична обука ,,Учење преку работа кај работодавач’’(УПР) со СОУ ,,Љупчо Сантов’’ – Кочани
  • seasonal-flu-immunizationИзвестување за имунизација од сезонски грип
  • 20221018_105438ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ
Центар за јавно здравје Кочани

    Центар за јавно здравје Кочани, како дел од здравствениот систем во Република Северна Македонија, од областа на превентина медицина, има за цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

    Новости

    • viber_image_2022 12 22_13 20 51 736Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
      22 December 2022
    • 20221129_103105ПОСИЛЕН ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ СПАСУВА ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ
      5 December 2022
    • slika1Потпишан меморандум и договор за соработка за обавување на практична обука ,,Учење преку работа кај работодавач’’(УПР) со СОУ ,,Љупчо Сантов’’ – Кочани
      18 November 2022

    Контакт



      Работно време

      • Прием на материјали :
        7:00 - 13:00 часот
      • Земање на крв :
        7:00 - 13:00 часот
      • Подигање на резултати :
        12:00 - 14:00 часот
      • Понеделник - Петок
        7:30 - 16:00 часот
      • Сабота - Недела
        Затворено
      Контакт

      Tелефон: 033 270 688

      Локација:

      улица: "Милан Зечар" бр. 21 2300 Кочани

      Емаил

      [email protected]

      © 2021 Развиено од echko.net
      ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

      org sema

      ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ

      podr edinic-01