29-ТИ СЕПТЕМВРИ СВЕТСКИ ДЕН НА СРЦЕТО
Секоја година на 29 септември се слави „Светскиот ден на срцето“, кој ги одразува клучните прашања и теми поврзани со здравјето на срцето.
Од 2024 до 2026 година, темата на кампањата ќе биде: „Користете го срцето за акција“,охрабрувајќи ги поединците да се грижат за своите срца и повикувајќи ги националните лидери сериозно да размислат за важноста на кардиоваскуларното здравје.
Оваа година главна порака е потребата од донесување национални планови за превенција од кардиоваскуларни болести и повик за потпишување на глобална петиција која го дава приоритет на здравјето на срцето.