7-МИ АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).
Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.
На денот земаат учество владите на државите и невладините организации што се занимаваат со здравствена проблематика (особено јавното здравје), приредувајќи настани и активности, јавните гласила.
Светскиот ден на здравјето е еден од осумте здравствени денови во годината на СЗО, заедно со Светски ден на борбата против туберкулоза, Светската недела на имунизацијата, Светскиот ден на борбата против маларијата, Светскиот ден на непушењето, Светскиот ден на крводарителите, Светскиот ден на борбата против хепатитот и Светскиот ден на борбата против СИДА.
Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април и секоја година скренува внимание на специфична здравствена тема која ги загрижува луѓето ширум светот.
Темата за 2021 година е „Изградба на поправеден, поздрав свет“.
За оваа 2021 година, СЗО забележува дека КОВИД-19 истакнал дека некои луѓе можат да живеат поздрав живот и да имаат подобар пристап до здравствените услуги од другите луѓе – што целосно се должи на условите во кои тие се родени, растат, живеат, работат и стареат.
Во целиот свет, некои групи се борат да врзат крај со крај со малку дневни примања, имаат посиромашни услови за домување и образование, помалку можности за вработување, доживуваат поголема родова нееднаквост и имаат малку или воопшто немаат пристап до безбедни средини, чиста вода и воздух, безбедност на храна и здравствени услуги. Ова доведува до непотребно страдање, до болести кои можат да се избегнат и предвремена смрт, наведува СЗО и им штети на нашите општества и економии.
СЗО ги повикува лидерите да обезбедат секој да има услови за живот и работа што се погодни за добро здравје – оваа кампања ќе биде покрената на веб-страница посветената на Светскиот ден на здравјето 2021 година.