Работилница со Авицена за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
На 21.12.2022 год (среда) Авицена ДОО организира стручно предавање, кое се одржа во хотел Сити Ин, Кочани.
Тема на предавањето беше запознавање со палетета на тестови и современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика, во рамките на лабораторијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани, вклучувајќи ги сите можности за дијагноза и следење на респираторни инфекции и сексуално преносливи болести.
На работилницата зедоа учество повеке од дваесетина матични лекари со специјалисти од својата областт. Се разви дискусија за користење на новите методи како и идни потреби на истите. Центарот ке ги има овие предлози како идна насока за развој на својата лабораторија.
Благодарност на сите кои зедоа учество во работилницата.