55-ти Денови на превентивна медицина – Ниш
Во периодот од 26.09 до 29.09.2023 година во Ниш, Р.Србија беа одржани 55-ти Денови на превентивна медицина во организација на Институтит за jавно здравjе Ниш, Лекарска комора Ниш и Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш.
Микробиологијата денес, антимикробна резистентност, животна средина, нутриција и здравје како и здравствена едукација кај млада популација и примена на информациски и комуникациски алатки во здравството беа дел од темите на Конгресот со интернационално претсавување каде учество земаа и претставници од Центарот за јавно здравје Кочани.