СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН 31 МАЈ 2019
 Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2019 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.
 Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2019 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.
Тутунот и здравјето на белите дробови – Светски ден без тутун,2019 Направете секој ден да биде ден без тутун во светот 31 МАЈ,2019
Пушењето тутун и изложеноста на чад од втора рака го зголемуваат ризикот од стекнување на многу болести. На пример, активното и пасивното пушење влијае на здравјето на белите дробови на повеќе начини:
- 
- Намален транспорт на кислород до срцето и другите органи во телото
 
- 
- Намалена толеранција за физичка активност
 
- 
- Намален HDL (добар) холестерол
 
- 
- Зголемен крвен притисок и срцеви отчукувања
 
- 
- Зголемен ризик од развивање болест на коронарната артерија и срцев удар
 
- 
- Зголемен ризик од појава на карцином на белите дробови, грлото, хронична астма, хроничен бронхитис и емфизема
 
- 
- Зголемен ризик од дијабетес
 
- 
- Зголемен ризик од заболувања на непцата
 
- 
- Зголемена ризик од згрутчување на крвта
 
- 
- Респираторните инфекции се почести кај децата изложени на пасивно пушење
 
- 
- Дегенерација на кожата
 

ТУТУНОТ УБИВА ЕДНО ЛИЦЕ НА СЕКОИ ЧЕТИРИ СЕКУНДИ
- 
- Тутунот е смртоносен во било каква форма и го загрозува здравјето на белите дробови на сите кои се изложени на него.
 
- 
- Тутунот убива едно лице на секои 4 секунди.
 
- 
- Поновите производи од тутун содржат хемикалии слични на оние во традиционалните тутунски производи и исто така се штетни за здравјето.
 
- 
- Респираторните заболувања се меѓу водечките причини за смрт на глобално ниво, а тутунот е главен фактор на ризик.
 
- 
- Милиони смртни случаи предизвикани од респираторна болест поврзана со тутун се вознемирувачки, но уште повознемирувачки е огромното страдање што го предизвикуваат овие болести, а ослабувачките ефекти влијаат на квалитетот на животот на луѓето од сите возрасти, во сите региони на светот.
 
КАКО ТУТУНОТ ВИ ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ
- 
- Со само еден здив, стотици токсини во тутунскиот чад почнуваат да ги оштетуваат белите дробови.
 
- 
- Кога се вдишува чад од тутун, структурите кои го чистат слузот и нечистотијата од дишните патишта се парализирани, овозможувајќи им на отровните супстанции во тутунскиот чад полесно да се пробијат во белите дробови.
 
- 
- Штетните ефекти од тутунскиот чад врз белите дробови се речиси непосредни.
 
- 
- Чадот од тутунот предизвикува намалена функција на белите дробови и недостаток на воздух поради оток на дишните патишта и зголемување на слузта во белите дробови.
 
- 
- Непосредните респираторни симптоми се само дел од штетата што тутунот ја прави за белите дробови.
 
 
 
ИЗЛОЖЕНОСТА НА ТУТУН Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА СИТЕ, НЕ САМО НА ПУШАЧИТЕ
- 
- Чадот од тутун придонесува за загадување на воздухот во затворен простор, што претставува голема закана за здравјето на белите дробови.
 
- 
- Секоја година, повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво се последица на пасивно пушење.
 
- 
- Повратниот чад е чад кој се испушта од горниот крај на цигарата или од други пушени тутунски производи, обично во комбинација со чад кој го издишува пушачот.
 
- 
- Пушењето тутун и изложеноста на чад од втора рака се главните фактори на ризик за рак на белите дробови, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), туберкулоза (ТБ) и астма.
 
- 
- Пред да научат да одат, децата може да почнат да страдаат од ефектите на изложеност од тутунскиот чад.
 
- 
- Доенчињата родени од мајки што пушат или кај жени кои се изложени на чад од втора рака за време на бременоста, веројатно ќе страдаат од намален раст и функција на белите дробови.
 
- 
- Хемикалии кои се наоѓаат во тутунскиот чад за време на критичните фази на развој во матката имаат долготрајни, штетни ефекти врз белите дробови.
 
- 
- Децата на пушачите страдаат од намалена функција на белите дробови, која продолжува да ги засегнува во форма на хронични респираторни нарушувања во зрелите години.
 
- 
- Адолесцентите кои пушат имаат поголема веројатност да страдаат од хронични респираторни нарушувања и ризикуваат трајно да ги оштетат белите дробови.
 

ЗОШТО ДА ГИ ОСТАВИТЕ ЦИГАРИТЕ
- 
- Одвикнувањето од пушењето е една од најважните одлуки кои еден пушач треба да ги направи во животот. Оваа одлука ќе го подобри квалитетот, но и должината на вашиот живот. Веднаш штом ќе престанете со пушење вашето тело почнува да ги поправа штетите кои бил е предизвикани од пушењето. Колку порано ја донесете оваа одлука во животот толку подобро ќе биде тоа за вашето здравје.
 
- 
- Престанокот со пушењето опфаќа неколку различни пристапи, почнувајќи од лекови и психотерапија до посебни часови и програми. Пушењето е навика која е тешко да се прекине, бидејќи вклучува многу различни аспекти на емотивниот и социјалниот живот на индивидуата, како и физичка зависност од никотинот.
 
- 
- Повеќето луѓе кои се откажале од пушењето успешно, користат комбинација на третмани или техники за откажување.
 
Како да го откажете полесно пушењето ???

- 
- Не се плашете
 
- 
- Не поминувајте сами низ одвикнувањето
 
- 
- Контролирајте го стресот
 
- 
- Избегнувајте алкохол и други предизвикувачи
 
- 
- Побарајте лекарства
 
- 
- Исчистете го домот
 
- 
- Движете се
 
- 
- Јадете овошје и зеленчук
 
- 
- Не престанувајте да се обидувате
 
- 
- Никогаш не е доцна !!!
 






