Одговор на здравствениот систем при вонредни состојби/катастрофи
Презентацијата се однесува за мерктие кои се превземени за Корона вирусот, на подрачјето што го покрива ЦЈЗ Кочани заклучно до 12.05.2020 год. – Превземи ја презентацијата овде !
Едукатор: Проф. Д-р Игор Спироски
Изработил: Д-р Наталија Милорадовска
Мај, 2020
- Што претставува вонредна состојба и катастрофа?
- Што претставува меѓународен здравствен правилник ?
- Што претставува корона вирус ?
- Како вирусот се пренесува ?
- Кои се симптомите на корона вирусот ?
- Корона вирус и негово ширење во светот, вропските земји и Македонија.
Организација на здравствена заштита во вонредна и кризна состојба во Кочани и во ЈЗУ ЦЈЗ Кочани
Во ЈЗУ ЦЈЗ Кочани паралелно со воведувањето и превземањето мерки од страна на Владата се превземаат мерки за справување со вонредната состојба.
ЈЗУ ЦЗЈ Кочани од 17.03.2020 година ги повлекува сите 4 специјализанти (2 специјалузанти по микробиологија, 1 специјализант по хигиена и здравствена екологија и 1 специјализант по социјална медицина и јавно здравје) и се организира обука за справување со коронавирусот.
-
- Центар за Јавно здравје – Кочани е јавна здравствена установа и обезбедува превентивна здравствена заштита на населението во градот Kочани и пошироко во источниот регион.
- Работата во центарот се заснова врз начелата на достапност, рационалност и континуираност како и на медицина базирана на докази. До 12.05.2020г. во ЦЈЗ Кочани се земени вкупно 300 брисеви.
- ЈЗУ ЦЈЗ Кочани во вонредната ситуација донесена од Владата на Република Северна Македонија, а предизвикана од светски прогласената состојба на Пандемија со корона вирусот, се организираше и делуваше , во согласност со препораките од владата, СЗО, Акцискиот план за справување со Вонредни состојби при Законот за здравствена заштита.
Превземање на мерки :
-
- Зголемување кадри (враќање на 4 специјализанти), набавка и обезбедување на соодветна заштитна опрема и средства .
- Формирање на 1 пункт за земање на брисеви.
- Континуирано обезбедување здравствена заштита на целото население што го покрива ЈЗУ ЦЈЗ Кочани.