В ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК – 5 И 6 АВГУСТ 2019 Г. – ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО
На 5 и на 6 август, в понеделник и вторник, на подрачјето на Кочани ќе се спроведе превентивно терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци.
Со оваа, трета фаза на дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на следните локации: градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
За третманот против комарците ќе се користи препратот аква к-отрин со активната супстанција делтаметрин, широкопојасен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.