Дејности и услуги кои ги врши Одд. по хигиена и здравствена екологија
Санитарно – хигиенската дејност во ЦЈЗ-Кочани ја обавува одделението по хигиена и здравствена екологија во Кочани и Берово преку:
- следење, спроведување и предлагање мерки за снабдување на населението со безбедна вода за пиење во градовите и селските населби;
- санитарен надзор над објектите за водоснабдување, над извориштата и нивната околина во санитарните зони;
- следење на здравствената исправност на водата за пиење со бактериолошки и санитарно-хемиски анализи;
- изготвување годишен Извештај со проценка на ризик за безбедноста на водата за пиење и водоснабдувањето во регионот;
- следење на отстранувањето на цврстите и течни отпадни материи,надзор над објектите и локациите за отстранување и крајна диспозиција на отпадните материи;
- следење на санитарно-хигиенскиот квалитет на површинските води (на водите од акумулација Калиманци, Градче, Ратево ) од санитарно- здравствен и еколошки аспект;
- испитување на индустриски и санитарни отпадните води ;
- издавање на стручно мислење за факторите на ризик присутни во животната средина врз база на извршените лабараториски испитувања;
- изготвување годишен Извештај со проценка на здравствено-еколошки ризик од загадувањето на површинските води;
- следење на состојбата на загаденост на воздухот од санитарно- здравствен и еколошки аспект преку месечните извештаи на Министерството за животна средина и просторно планирање и извршените анализи на аероседиментот во Кочани ;
- изготвување годишен Извештај со проценка на ризик од влијанието на загадениот воздух врз здравјето на населението;
- предлагање мерки за заштита на воздухот од загадување;
- санитерно- хигиенски надзор над предучилишните и училишни објекти, стопански ,трговски и здравствени објекти;
- мерење на осветленоста и чистотата на воздухот во училници ;
- изготвување на иформација со проценка на ризик од санитарно-хигиенската состојба во училишната средина врз здравјето на учениците;
- следење и проучување на исхраната во детски градинки, дом за средношколска и студентска младина;
- изготвување годишен Извештај со проценка на ризик од исхраната на испитуваните категории на население;
- следење ухранетоста на школски деца ( во прво,петто одделение и прва година во средно школо) со анкетирање и антрополошки мерења;
- изготвување годишен Извештај со проценка на ризик од ухранетоста на испитуваните категории на население и предлагање мерки за превенција од можниот ризик;
- следење и проучување на болничката исхрана во болничките установи;
- изготвување на годишен Извештај со проценка на ризик од исхраната на болните во стационарните установи;
- следење на безбедноста на храната и предметите за општа употреба со бактериолошки, хемиски и физички;
- следење на состојбите во објектите за производство и промет на храна и во објектите за јавна исхрана;
- следење и проучување на хигиенските услови во работна средина;
- изготвување на годишен Извештај со проценка на ризик за безбедноста на храната која ја консумира населението;
- склучува договори со странки за вршење анализи на храна, вода и предмети за општа употреба;
- земање мостри за анализа према договорот за испитување и/или барањето на странката;
- земање мостри за анализа за потребите на Дирекцијата за храна и Државната санитарна и здравствена инспекција;
- прием и евидентирање на мострите за анализа;
- издавање на стручно мислење од испитувањето на мострите врз база на резултатите од анализите;
За сите активности предвидени со Програмата за превентивна здравствена заштита во Република Македонија и добиени резултати редовно се информирани Министерство за здравство преку Дирекција за храна и Државен и здравствен санитарен инспекторат, ИЈЗ Скопје како и собранијата на општините Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчео, М.Каменица како и ново формираните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.
Лабораториска дејност
Акредитација на хемиската лабораторија и лабораторијата за санитарна микробиологија е добиена на 09.02.2009 од страна на Институтот за Акредитација на Р.Македонија.
- анализите на вода за пиење се вршат во согласност со Правилник за безбедноста на водата за пиење;
- анализите на површинските води и отпадните води се вршат спрема Уредба за класификација на водите;
- анализите на храна и предмети за општа употреба се вршат според постоечката законска регулатива.