За нас

single img four

ЈЗУ ЦЈЗ – Кочани е регистриран во судскиот регистар со решение бр.2488/93 од 18.08.1993 како Јавна Здравствена организација Завод за здравствена заштита Кочани. Со Решение бр. 30920090002578 од 25.08.2009 год. ЈЗУ ЗЗЗ Кочани се преименува во Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје Кочани или, скратен назив на фирмата е ЈЗУ ЦЈЗ Кочани со седиште во Кочани на ул. „Милан Зечар„ бр. 21.

Пред основањето во 1993 година како ЈЗУ Завод за здравствена заштита , во состав на тогашниот Медицински центар постоеше Хигиено – епидемиолошка служба која опфаќаше еден дел од дејноста на сегашниот Центар. Со одлука на Собранието на Р. Македонија во 1993 година Заводот станува Регионален Завод за здравствена заштита кој своите активности од областа на специјализирана превентивна здравствена заштита ги извршува во општините Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчево, М.Каменица и ново формираните Општини Зрновци, Чешиново-Облешево.

Подрачни служби

Oрганизациона поставеност

Организационата поставеност на Заводот подразбира високо развиени служби во Кочани и истурени работни единици во Виница, Берово, Пехчево и Делчево. Најголем дел од обврските што Центарот ги има произлегуваат од Програмите кои Владата на Република Северна Македонија ги донесува секоја календарска година. Тука пред се е програмата за Превентивна здравствена заштита на населението, заштита на населението од СИДА и спречувањето и сузбивањето на бруцелоза.

Центарот континуирано го усовршува процесот на работа во сите работни единици. Исто така во Центарот на сите вработени им е овозможено стручно усовршување: специјализација, учество на конгреси и семинари во земјата и странство, како и учество на секциски состаноци.

Организационата поставеност на Заводот подразбира високо развиени служби во Кочани и истурени работни единици во Виница, Берово, Пехчево и Делчево. Најголем дел од обврските што Центарот ги има произлегуваат од Програмите кои Владата на Република Северна Македонија ги донесува секоја календарска година. Тука пред се е програмата за Превентивна здравствена заштита на населението, заштита на населението од СИДА и спречувањето и сузбивањето на бруцелоза.

Центарот континуирано го усовршува процесот на работа во сите работни единици. Исто така во Центарот на сите вработени им е овозможено стручно усовршување: специјализација, учество на конгреси и семинари во земјата и странство, како и учество на секциски состаноци.

Вкупниот број на вработени во Центарот е 41 од различни стручни профили како: специјалисти и магистри, доктори по медицина, инженери, технолози, економисти и технички специјализиран кадар.

Дејноста на ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е утврдена со Законот за здравствена заштита на Р. Северна Македонија; Републичката програма за превентивна здравствена заштита како и другите законски прописи што имаат за цел превземање мерки и активности за унапредување на здравјето на населението, истражување и детектирање на причините за појава на заразните и другите заболувања, како и здравствено-еколошките фактори на животната средина.

За целосно остварување на целите и задачите на споменатите дејности, работата во Центарот е организирана согласно Законот за здравствена заштита и Статутот на Центарот, Правилникот за организација на работата и систематизација на работните места и другите акти на Центарот .

Организаиона шема

org sema 1

НАДВОРЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР ВО ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

Р.Број

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

ЗВАЊЕ

1.

ВАНГЕЛ МИХАИЛОВ

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ

2.

ДРАГАН НИСЕВ

ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК

3.

АНИТА ПЕТРОВА

ПРОФЕСОР

ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

ВРАБОТЕНИ/ РАКОВОДИТЕЛИ ВО ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

Р.бр

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

ЗВАЊЕ

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

СЛУЖБЕН ТЕЛЕФОН

СЛУЖБЕН Е-МАИЛ

ОПШТИНА

1.

Спец. Д-р МАРТИН ПАВЛОВ

Специјалист по Ортодонција

ДИРЕКТОР

070/235-344

[email protected]

КОЧАНИ

2.

ЛУИЗА ЖАРОВА

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-МИКРОБИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И ПАРАЗИТОЛОГИЈА

070/ 213- 647

[email protected]

КОЧАНИ

3.

НАТКА КАРАНФИЛОВА

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-ЕПИДЕМИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА СО ДДД

070/ 213- 865

[email protected]

КОЧАНИ

4.

ЕЛЕНА ТОРТЕВСКА-ДАНИЛОВ

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-ХИГИЕНА

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА ХИГИЕНА И ЗДРАВСТВЕНА ЕКОЛОГИЈА

071/ 373- 921

[email protected]

КОЧАНИ

5.

ВАСИЛ ПЕНДЕВСКИ

СПЕЦИЈАЛИСТ-САНИТАРНА МИКРОБИОЛОГИЈА

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА САНИТАРНА ХЕМИЈА И САНИТАРНА МИКРОБИОЛОГИЈА

070/ 213- 861

[email protected]

КОЧАНИ

6.

ГОРАН НИКОЛОВ

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-ЕПИДЕМИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА СО ДДД И СОЦИЈАЛНО МЕДИЦИНСКА ДЕЈНОСТ

071/ 373- 913

[email protected]

ВИНИЦА

7.

ВЕНКО ПАШАЛИСКИ

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-МИКРОБИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА И ПАРАЗИТОЛОГИЈА

070/ 311- 637

[email protected]

БЕРОВО

8.

СУЗАНКА КАРАКАШОВА

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-ЕПИДЕМИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА СО ДДД

071/ 244- 472

071/ 373- 904

[email protected]

ПЕХЧЕВО

9.

НАДИЦА ЕФТИМОВСКА

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ-ЕПИДЕМИОЛОГ

РАКОВОДИТЕЛ НА ОТСЕК ЗА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА СО ДДД

078/ 378- 152

[email protected]

ДЕЛЧЕВО

10.

ДИМИТАР ДИМИТРОВ

ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ

РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИ РАБОТИ

078/ 201- 202

[email protected]

КОЧАНИ

ВНАТРЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР ВО ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

Р.Број

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

ЗВАЊЕ

1.

ЛУИЗА ЖАРОВА

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ- МИКРОБИОЛОГ

2.

ВАСИЛ ПЕНДЕВСКИ

СПЕЦИЈАЛИСТ- САНИТАРНА МИКРОБИОЛОГИЈА