Потпишан меморандум и договор за соработка за обавување на практична обука ,,Учење преку работа кај работодавач’’(УПР) со СОУ ,,Љупчо Сантов’’ – Кочани
ЈЗУ ,,Центар за јавно здравје’’ – Кочани потпиша меморандум и договор за соработка за обавување на практичната обука ,,Учење преку работа кај работодавач’’ (УПР) со средното општинско училиште ,,Љупчо Сантов’’.
Учениците од втора година при СОУ ,,Љупчо Сантов’’ од образовен профил хемиски лабораториски техничар, денес одржаа практичен наставен час во санитарно – хемиската лабораторија при ЈЗУ ,,Центар за јавно здравје’’ – Кочани под надзор на ментор Пале Додевска – дипломиран стручен лаборант специјализиран за работа во санитарно – хемиска лабораторија.
Центар за јавно здравје – Кочани со задоволство ги прифати учениците од СОУ ,,Љупчо Сантов’’ и идејата дека поврзувањето на теоретските со практични знаења е неминовно за стекнување трајни знаења. На тој начин овие ученици по завршувањето на практичната работа ќе бидат далеку поконкурентни на пазарот на труд, но и ќе имаат одлична основа за продолжување на образованието на техничките високообразовни институции.
Им посакуваме успех на овие млади и перспективни ученици!
Директор на Центар за Јавно Здравје
Дипл. Инг.Гоце Серафимов