Центар за јавно здравје Кочани
  • Почетна
  • Дејности
    • Хигиена
    • Микробиологија
      • Бактериологија
      • Имунологија
    • Епидемиологија
      • Услуги
    • Социјална медицина
      • Здравствено воспитување
      • Советувелиште за репродуктивно здравје
  • Услуги
    • Микробиолошки испитувања
    • Санитарни прегледи
    • Санитарна микробиологија
    • Испитување на вода
    • Испитување на намирници
    • ДДД активности
    • Вакцини по епидемиолошки индикации
    • Тестирање на ХИВ/СИДА
    • Договор за деловна соработка
    • Акредитација
    • Основни знаења за безбедност на храна
  • Јавни Набавки
  • Документи
    • Од јавен карактер
    • За јавни набавки
    • За институцијата
  • За нас
  • Контакт

Понеделник-Петок

од 7:00 до 15:00 часот

Тел: 033 270 688

Е-маил: [email protected]

Милан Зечар бр.21

2300 Кочани

30 May 2019

СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН 31 МАЈ 2019

Центар за Јавно Здравје Кочани - Кочани Новости

Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2019 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.

Тутунот и здравјето на белите дробови – Светски ден без тутун,2019 Направете секој ден да биде ден без тутун во светот 31 МАЈ,2019

Пушењето тутун и изложеноста на чад од втора рака го зголемуваат ризикот од стекнување на многу болести. На пример, активното и пасивното пушење влијае на здравјето на белите дробови на повеќе начини:

    1. Намален транспорт на кислород до срцето и другите органи во телото
    1. Намалена толеранција за физичка активност
    1. Намален HDL (добар) холестерол
    1. Зголемен крвен притисок и срцеви отчукувања
    1. Зголемен ризик од развивање болест на коронарната артерија и срцев удар
    1. Зголемен ризик од појава на карцином на белите дробови, грлото, хронична астма, хроничен бронхитис и емфизема
    1. Зголемен ризик од дијабетес
    1. Зголемен ризик од заболувања на непцата
    1. Зголемена ризик од згрутчување на крвта
    1. Респираторните инфекции се почести кај децата изложени на пасивно пушење
    1. Дегенерација на кожата

ТУТУНОТ УБИВА ЕДНО ЛИЦЕ НА СЕКОИ ЧЕТИРИ СЕКУНДИ

    1. Тутунот е смртоносен во било каква форма и го загрозува здравјето на белите дробови на сите кои се изложени на него.
    1. Тутунот убива едно лице на секои 4 секунди.
    1. Поновите производи од тутун содржат хемикалии слични на оние во традиционалните тутунски производи и исто така се штетни за здравјето.
    1. Респираторните заболувања се меѓу водечките причини за смрт на глобално ниво, а тутунот е главен фактор на ризик.
    1. Милиони смртни случаи предизвикани од респираторна болест поврзана со тутун се вознемирувачки, но уште повознемирувачки е огромното страдање што го предизвикуваат овие болести, а ослабувачките ефекти влијаат на квалитетот на животот на луѓето од сите возрасти, во сите региони на светот.

КАКО ТУТУНОТ ВИ ГО ОДЗЕМА ЗДИВОТ

    1. Со само еден здив, стотици токсини во тутунскиот чад почнуваат да ги оштетуваат белите дробови.
    1. Кога се вдишува чад од тутун, структурите кои го чистат слузот и нечистотијата од дишните патишта се парализирани, овозможувајќи им на отровните супстанции во тутунскиот чад полесно да се пробијат во белите дробови.
    1. Штетните ефекти од тутунскиот чад врз белите дробови се речиси непосредни.
    1. Чадот од тутунот предизвикува намалена функција на белите дробови и недостаток на воздух поради оток на дишните патишта и зголемување на слузта во белите дробови.
    1. Непосредните респираторни симптоми се само дел од штетата што тутунот ја прави за белите дробови.

ИЗЛОЖЕНОСТА НА ТУТУН Е ЗАКАНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА СИТЕ, НЕ САМО НА ПУШАЧИТЕ

    1. Чадот од тутун придонесува за загадување на воздухот во затворен простор, што претставува голема закана за здравјето на белите дробови.
    1. Секоја година, повеќе од 1 милион смртни случаи на глобално ниво се последица на пасивно пушење.
    1. Повратниот чад е чад кој се испушта од горниот крај на цигарата или од други пушени тутунски производи, обично во комбинација со чад кој го издишува пушачот.
    1. Пушењето тутун и изложеноста на чад од втора рака се главните фактори на ризик за рак на белите дробови, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), туберкулоза (ТБ) и астма.
    1. Пред да научат да одат, децата може да почнат да страдаат од ефектите на изложеност од тутунскиот чад.
    1. Доенчињата родени од мајки што пушат или кај жени кои се изложени на чад од втора рака за време на бременоста, веројатно ќе страдаат од намален раст и функција на белите дробови.
    1. Хемикалии кои се наоѓаат во тутунскиот чад за време на критичните фази на развој во матката имаат долготрајни, штетни ефекти врз белите дробови.
    1. Децата на пушачите страдаат од намалена функција на белите дробови, која продолжува да ги засегнува во форма на хронични респираторни нарушувања во зрелите години.
    1. Адолесцентите кои пушат имаат поголема веројатност да страдаат од хронични респираторни нарушувања и ризикуваат трајно да ги оштетат белите дробови.

ЗОШТО ДА ГИ ОСТАВИТЕ ЦИГАРИТЕ

    1. Одвикнувањето од пушењето е една од најважните одлуки кои еден пушач треба да ги направи во животот. Оваа одлука ќе го подобри квалитетот, но и должината на вашиот живот. Веднаш штом ќе престанете со пушење вашето тело почнува да ги поправа штетите кои бил е предизвикани од пушењето. Колку порано ја донесете оваа одлука во животот толку подобро ќе биде тоа за вашето здравје.
    1. Престанокот со пушењето опфаќа неколку различни пристапи, почнувајќи од лекови и психотерапија до посебни часови и програми. Пушењето е навика која е тешко да се прекине, бидејќи вклучува многу различни аспекти на емотивниот и социјалниот живот на индивидуата, како и физичка зависност од никотинот.
    1. Повеќето луѓе кои се откажале од пушењето успешно, користат комбинација на третмани или техники за откажување.

Како да го откажете полесно пушењето ???

    1. Не се плашете
    1. Не поминувајте сами низ одвикнувањето
    1. Контролирајте го стресот
    1. Избегнувајте алкохол и други предизвикувачи
    1. Побарајте лекарства
    1. Исчистете го домот
    1. Движете се
    1. Јадете овошје и зеленчук
    1. Не престанувајте да се обидувате
    1. Никогаш не е доцна !!!
ОД 20 ДО 22 МАЈ – ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО В ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК – 5 И 6 АВГУСТ 2019 Г. – ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО КОЧАНСКО

Останати Новости

Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AM

Новости

Во микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE

Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AM

Новости

СВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА

viber_image_2023-10-31_11-11-04-434

Новости

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!

Новости

  • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
  • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
  • viber_image_2023-10-31_11-11-04-434ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ!
  • IMG-bc03b9449aa9a168ca22f90263b48d54-V55-ти Денови на превентивна медицина – Ниш
  • viber_image_2022 12 22_13 20 51 736Работилница  со Авицена  за современи методи за молекуларна и микробиолошка дијагностика
Центар за јавно здравје Кочани

    Центар за јавно здравје Кочани, како дел од здравствениот систем во Република Северна Македонија, од областа на превентина медицина, има за цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

    Новости

    • Screenshot 2025-03-14 at 11.32.56 AMВо микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Кочани е достапен тестот PNEUMOSLIDE
      14 March 2025
    • Screenshot 2025-02-05 at 8.21.54 AMСВЕТСКИ ДЕН ЗА РАК: ВОДЕЧКИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СВЕСНОСТА
      5 February 2025
    • alkoholizamКампања на СЗО/ЕВРОПА ,, РЕДЕИФИНИРАЈ ГО АЛКОХОЛОТ’
      3 October 2024

    Контакт



      Работно време

      • Прием на материјали :
        7:00 - 13:00 часот
      • Земање на крв :
        7:30 - 10:30 часот
      • Подигање на резултати :
        12:00 - 14:00 часот
      • Понеделник - Петок
        7:00 - 15:00 часот
      • Сабота - Недела
        Затворено
      Контакт

      Tелефон: 033 270 688

      Локација:

      улица: "Милан Зечар" бр. 21 2300 Кочани

      Емаил

      [email protected]

      © 2021 Развиено од echko.net
      ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ

      org sema

      ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ

      podr edinic-01