Тутунот и здравјето на белите дробови – Светски ден без тутун, 2020 година
Направете секој ден да биде ден без тутун во светот 31 МАЈ,2020
Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2020 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.
Секоја година, на 31 МАЈ, СЗО и светските партнери го прославуваат Светскиот ден без тутун (WNTD). Во 2020 година, WNTD ќе се фокусира на „тутунот и здравјето на белите дробови“.
Пушење — вдишување на чадот од растение што гори, особено тутун од цигара, пура или луле.
И покрај социјалните и медицински совети против пушењето, оваа навика е раширена насекаде во светот.
Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици).
Tие последици вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и рак на устата, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата.
Пушењето, исто така го зголемува ризикот од други болести.
Пасивното пушење (вдишувањето на чадот од другите пушачи) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата.
Програмите за самопомош и докторската помош, заедно со никотинските лепенки , гуми за џвакање, лозенги , инхалер , назален спреј, кои ја обезбедуваат потребната доза на никотин, спаѓаат во помагалата кои им се на располаѓањена оние кои сакаат да се откажат од цигарите како и неникотинска терапија Bupropion и Varenicline.
Многубројните кампањи против пушењето во САД го намалија бројот на пушачи, иако во останатите држави тој сѐ уште е во пораст.
Цигара оставена да гори. Денес ова е најупотребуваниот начин на пушење
ПРОЦЕНКИ НА СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА (СЗО)
Актуелните проекции покажуваат дека во 2025 година, ако глобалната преваленција на употребата на тутун остане непроменета, бројот на активни една милијарда и триста милиони пушачи, ќе се покачи на една милјарда и седумстотини илјади.
- До 2020 година, пушењето ќе биде една од трите причини за смрт на возрасните.
- До 2030 година, секој седми од десет смртни случаи ќе бидат поврзани со тутунот, во земјите во развој.
- Тоа значи една смрт на секои 8 секунди.
- Истражувачите пресметале дека на старост од 70 години, се губат околу 8 години од очекуваниот век на живеење на пушачите.
УЛОГАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПРИ ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕ
- Кредибилитет
- Знаење
- Поддршката што може да им ја даваат на пациентите
- Ресурсите кои ги имаат на располагање
- Способност да реагираат во критични моменти
СТРАТЕГИЈА ВО ПРОЦЕСОТ НА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПУШЕЊЕТО
- Ask- прашај
- Advice- советувај
- Assess- процени
- Assist- помогни
- Arrange- следи
КАКО ЧАДОТ ОД ЦИГАРИТЕ ВЛИЈАЕ ВРЗ ПАСИВНИТЕ ПУШАЧИ
Чадот од цигарите не влијае само на пушачите туку и на непушачите. Кога пушите, луѓето околу вас се исто така изложени на ризик од здравствени проблеми, особено децата. Пасивното пушење може да предизвика респираторни состојби, карцином и срцеви болести.
КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ АКО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ЦИГАРИТЕ ?
Сега кога знаете дека пушењето цигари може да биде штетно врз вашето здравје и здравјето на луѓето околу вас, време е да се откажете од оваа лоша навика. Доколку се откажете од цигарите, ќе:
- Го продолжите животот.
- Намален ризик од кардиоваскуларни болести. Откажувањето од цигарите го намалува ризикот од повторен срцев удар и смрт од срцеви болести за 50%. Доколку престанете со пушењето исто така го намалувате ризикот од висок крвен притисок, болест на периферната артерија и мозочен удар.
- Намален ризик од развивање на други болести вклучително дијабетес, карцином на бели дробови и грлото, емфезема, хроничен бронхитис, хронична астма, чиреви, болести на непцата и многу други болести.
- Ќе се чувствувате поздрави. По откажувањето, нема да имате суво грло или да кашлате како претходно, а ќе имате и повеќе енергија.
- Ќе изгледате и ќе се чувствувате подобро. Откажувањето од цигарите помага во превенција на брчки на лицето, ослободување од жолтите наслаги на забите, подобрување на изгледот на кожата па дури и ослободување од лошиот мирис на вашата облека и коса.
- Ќе се подобри чувството за вкус и мирис.
- Ќе заштедите.
ГЕНЕРАЛНИ ПРЕПОРАКИ
- Да се следат препораките на СЗО и на Европската рамковна конвенција за контрола на тутунот.
- Да се следат насоките од Стратегијата ,,Здравје за сите во 21 век,,
- Да се спроведува позитивната законска регулатива за забрана на пушење во Р.С. Македонија.