ДДД активности

СЛУЖБА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА, ДЕРАТИЗАЦИЈА
ТЕЛ: 033 270 688

Превентивната дезинфекција дезинсекција и дератизација претставуваат општи мерки за заштита на населението од заразни болести.

Превентивната дезинфекција дезинсекција и дератизација е задолжителна во здравствените установи, училишни и предучилишни установи, социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, станици, пазари и сл), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.
Со овие мерки се задолжени сите правни и физички лица кои управуваат со објекти под санитарен надзор.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести превентивнма дезинфекција се врши на секои 6 месеци, а дезинсекцијата и дератизацијата најмалку еднаш годишно.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Кочани e регистрирана институција за вршење на ДДД активности на териториите на Општините Кочани, Виница, М.Каменица, Делчево, Пехчево, Берово, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Отсекот за ДДД со својот стручен тим-епидемиолог, биолог и едуцирани техничари, како и софистицирана опрема врши:

  • Превентивна дезинфекција дезинсекција и дератизација на регионот на ЦЈЗ Кочани
  • Врши планирање, контрола и надзор над изведувањето на ДДД активностите;
  • На барање на клиентите изготвува План и програма за вршење на ДДД активности според принципите на ISO и HACCP стандардите
  • Издава сертификат за извршената ДДД услуга.