Програмата за стекнување на основни знаења за безбедност на храна и начинот за спроведување на обука се врши според Правилникот за поблиските барања за безбедност на храната, условите кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои спроведуваат обуки за основни знаења за безбедност на храната, во согласност со правилата за добра хигиенска пракса, заштита на животната средина, начинот на проверката на знаењата и издавањето на потврди за стекнати основни знаења за безбедност на храната, Сл весник бр.5 од 10.01.2013.
Со решение од Агенција за храна и ветеринарство ЈЗУ Центар за јавно здравје е овластена установа за организирање на обуки и полагање на испит со кои кандидатите се стекнуваат со Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.
Операторот со храна треба да обезбеди соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на храната на лицата вработени во бизнисот со храна преку обука организирана од страна на овластени правни лица.
Начин на спроведување на обуката:
- Обуката се спроведува согласно Програмата, преку тематска настава од вкупно 15 часа, и тоа од следните тематски области:
- Законодавство од областа на безбедност на храната – 1 час
- Безбедност на храна – 1 час
- Болести кои се пренесуваат преку храна – 2 часа
- Хигиена во синџирот на храна – 3 часа
- Лична хигиена – 1 часа
- Хигиена на објекти за производство и промет со храна – 3 часа
- Контрола на безбедност на храната – 1 час
- Безбедност на храната и животна средина – 1 час
Полагање на испит
По спроведената обука кандидатите полагаат писмен испит, кој се смета за положен доколку кандидатот одговорил точно на 60% од поставените прашања.
Испитот го спроведува трочлена комисија, а по успешното полагање на испитот, кандидатот добива Потврда за стекнати основни знаења за безбедност на храната.
Каде се обавува обуката
Обуката се спроведува во просториите на установата или во просториите на операторот, на негово барање.
Контакт телефон: 033 270 688