Санитарна микробиологија

Во оваа лабораторија се врши микробиолошко испитување на:

  • води за пиење;
  • површински води;
  • отпадни води.

Се врши енумерација и изолација за идентификација на:

  • 1. Одредување и енумерација на Escherichia coli (E.coli) и колиформни бактерии Метод на мембран филтрација – МКС ISO 9308-1:2009
  • 2. Одредување и енумерација на цревни ентерококи Метод на мембран филтрација МКС EN ISO 7899-1/Cor 2009
  • 3. Броење на микроорганизми на култура-Броење на колониисо инкубација во култура од хранлив агар на 22°С и 36°С- МКС EN ISO 6222: 2009
  • 4. Детекција и броење на Pseudomonas aeruginosa со мембран филтрација- МКС EN ISO 16266:2009
  • 5. Proteus вид;
  • 6. Сулфиторедукувачки клостридии

Анализите се изведуваат согласно методите пропишани во Правилникот за безбедност на водата за пиење и Уредба за класификација на водите.


Микробиолошко испитување на намирници, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната и предмети за општа употреба.

Анализите се вршат согласно методите пропишани во Правилниците дадени во ,,Законот за безбедност на храната и производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната”

Се испитува присуство на следните микроорганизми:

  • Salmonella видови;
  • Escherichia coli;
  • Proteus видови;
  • Staphylococcus coagulaza позитивен;
  • Сулфиторедукувачки клостридии;
  • Квасци и мувли;
  • Аеробни мезофилни бактерии.