Акредитација

Следејки ги тенденциите во процесите на стандардизција на глобално ниво, а поагајки од улогата на ЦЈЗ во организацијата и квалитетот на здравствената заштита на регионот на кој делува, менаџерскиот тим на ЦЈЗ Кочани донесе одлука за отпочнување процесите на стандардизација и акредитација. Така установата во 2009 година се стекна со стандардот за управување со квалитет и акредитација ISO/IEC 17025 за квалитет во лабораториите за санитарна микробиологија и санитарна хемија води и храни.

На ден 09.02.2009 год комисијата за акредитација на лаборатории од Институт за акредитација на Р.Македонија, изврши завршна проверка во однос на имплементација на ISO/IEC 17025 стандардот за лабораториско работење (применета методологија на анализи).

Комисијата констатира потполно исполнување на стандардите, при што издаде сертификат за имплементација на споменатите стандарди, што секако само ќе ја потврди професионалноста и квалитетот на анализите кои се извршуваат во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани.

Опсегот на акредитација е објавен на веб страната на Институтот за акредитација на Р. Македонија под број ЛТ-010 или на следниот ЛИНК